Македонија
4. October 2021 - 19:51

Скрининг во училиштата од идната недела, трета доза вакцина за сите граѓани

Илјадници ученици идната недела ќе бидат тестирани за ковид 19. Со 8200 брзи тестови во скринингот ќе бидат опфатени основци и средношколци од целата земја кои ќе бидат одредени по случаен избор од електронските дневници. Без дозвола од родителите нема да има земање на брис на ниту едно дете. Министерот за здравство вели дека нема зголемување на заразени во училиштата и во промили ги бројат новодијагностицираните, но со тестирањето ќе бараат евентулани асимптоматски случаи.

-Најобичен брис ќе биде тоа, не очекувам отпор, очекувам да дадат поддршка на овој процес бидејќи на тој начин ќе добиеме добри податоци дали има трнасмисија во училиштата, вели Венко Филипче министер за здравство.

Освен барање на асимптоматски случаи во образовните установи, Филипче најави дека трета доза на вакцина ќе има за сите граѓани кои сакаат, а не како досега само за постари од 60 години, здравствени работници и пациенти со имунилошки болести. За експертите нема опасност од мешање на вакцините туку така подобро доаѓало до зајакнување на имунитетот.

-Третата доза ќе можат да ја добијат сите граѓани, особено оние кои се изложени на ризикот од зараза на своето работно место, без разлика на возраста и дали имаат или немаат хронични здравствени состојби. На овој начин ги следиме препораките од други европски земји и САД, изјави Филипче.

-Се надевам и оваа прпеорака ќе биде официјализирана и тоа од две причини првенствено да се заштитиме од поинвазивниот делта сој и анализите кои покажуваат дека по 6 месеци кај дел од вакцините се намалува ефективносдт аи поради тоа е иницијативата за трета доза, изјави проф. Др. Александра Грозданова претседател на Комитет за имунизација.“

Од здравство велат дека има доволно вакцини и располагаат со залиха од околу 400 000 дози на Фајзер, Синовак и Астра Зенека. Досега со две дози на вакцини се заштитени околу 730 000 граѓани а бустер доза пртимиле 329 лица.