Македонија
23. March 2016 - 21:41

Скоро 70% од учесниците во сообраќајките се на возраст од 20 до 40 години, околу 70% се мажи

Скоро 70% од учесниците во сообраќајните несреќи се млади лица на возраст од 20 до 40 години, од нив најголемиот дел или околу 70% се лица од машки пол.  Статистиката покажува дека човечкиот фактот и понатаму е главната причина за предизвикување на сообраќајните несреќи. Токму затоа неопходно е повисоко ниво на јавната свест  и континуирана едукација за последиците од непочитувањето на правилата и прописите,  велат од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата кои реализираат серија едукативни трибини насловени ,,Животот е во твоите раце,,.

,, Со 7, 3 % загинати на 100 000 лица се наоѓаме на 13 илио 14 место во државите од Европа тоа сепак  говори дека имаме уште многу да учиме и имаме уште многу да работиме на  ова поле.,, вели Љупчо Ставрески од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата

,, Целта ни е да се доближи информацијата, да се запознаат, на секој можен начин да се направи превенција, а исто така да се запознаат и со последиците при сообраќајните незгоди бидејќи се присутни..,, вели д-р Татјана Баевска Вучковиќ – директор на Здравствен дом Скопје д

Најголемиот дел од сообрачајните несреќи во изминатите неколку години се случиле поради преголемата брзина,  но и порад тоа што дел од учесниците во истите биле под дејство на алкохол.

,, Ние сакаме на младите учесници и идни учесници во сообраќајот да им укажеме дека под дејство на алкохол и под дејство на дрога не смее да се вози. Тоа навистина е многу опасно, ризично и навистина безбедноста во сообраќајот е една многу комплексна, комплицирана тематика и проблематика бидејќи се работи за човечки живот, а знаеме дека човечкиот живот нема цена.,, вели Росана Јанков – портпарол на АМСМ

Минатата година во сообраќајните несреќи кои се случиле на патиштата во Македонија животот го загубиле 148 лица, од нив 24 биле деца на возраст од 1 до 18 години.