Македонија
1. February 2018 - 14:19

Скопското обвинителство ја расветлува смртта на родилката

Јавно обвинителска одлука во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје ќе биде донесена по прибирање на потребната документација и по добивање на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина.

- Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна известување од СВР Скопје во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа ­во Скопје. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредби за прибирање на потребната документација и податоци, соопшти Јавното обвинителство.

По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, како што е посочено во соопштението, ќе биде донесена јавно обвинителска одлука.​