Македонија
11. јуни 2019 - 18:53

Скопско семејство во паника - Се трага по 17-годишник, со домашните се искарал за неговата љубов

Ноќва после полноќ во Полициската станица Чаир, Д.Ј.(42) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син Л.Ј.(17).
 
Според пријавеното, Л.Ј. се оддалечил од домот по семејна расправија околу негова љубовна врска.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.