Бизнис
13. March 2019 - 19:53

„Скопско“ одбележува 95 години постоење на македонскиот пазар

„Пивара Скопје“ лансираше нова комуникациска платформа, со што започнува одбележувањето на 95-годишнината од создавањето на брендот „Скопско“.

– Носечки елемент на новата комуникациска платформа е видео-спотот кој на емотивен начин ја пренесува пораката за „Скопско“ како социјално врзно ткиво кое продолжува да повикува на заедништво. Видео-спотот го илустрира „Скопско“ како извор на инспирација на многу генерации, поттикнувач на оптимизмот и креатор на заеднички доживувања што го слават животот, соопштија од компанијата.

 

 

Во изминатиот период на македонскиот пазар се пласираа неколку бренд-екстензии со што „Пивара Скопје“ ја потврдува водечката улога на „Скопско“ на пазарот.

– Да се создаде и развие идентитет на производ како „Скопско“ и тој да израсне до ниво на бренд-икона неопходни се обемни и континуирани вложувања во најсовремена технологија, велат од компанијата.