Спорт плус
3. October 2020 - 20:16

Скопскиот Виз-ер маратон стартува утре во 8.30 кај СЦ „Борис Трајковски“

Утре низ улиците на Скопје ќе се трча традиционалниот Виз-ер скопски маратон на кој ќе настапат повеќе од 1500 учесници. 

Поради специјалните протоколи за Ковид-19 за оваа трка стартот и целта се поместени кај спортскиот центар Борис Трајковски а трката започнува во 8.30 часот. На програмата се три трки, маратон, полумаратон и штафетен маратон „ЕУ за тебе“. -  „И оваа година ќе имаме квалитетни натпреварувачи, како и досега, но поради пандемијата влезовите во државите се ограничени и оваа година ќе бидеме без натпреварувачите од Африка“-изјави директорот на трката Кире Синадиновски.