Македонија
22. December 2015 - 9:18

Скопскиот универзитет ќе му ја врачи титулата „почесен професор“ на Карлос Флорес Хубериас

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје денеска ќе му го додели звањето „почесен професор“ од областа на правните науки на Карлос Флорес Хубериас, професор на Универзитетот во Валенсија, Шпанија.

Одлуката на професорот Хубериас да му биде врачено ова знање е донесена на седница на Сенатот на  Универзитетот одржана на 30 ноември.

Ова признание е највисоко почесно звање на скопскиот Универзитет.