Спорт плус
20. March 2020 - 19:53

Скопскиот маратон ќе се трча во октомври

Организаторото на Скопскиот атлетски маратон денеска објави дека трката се одложува за 4. октомври. 

„Иако вие тркачите, исто како и ние, се подготвувате за вашата омилена трка, сепак некои работи не можеме да ги контролираме во одредени ситуации, но веруваме дека на крајот сите ќе излеземе победници и дека заеднички ќе ја пребродиме оваа ситуација. Поради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, како кај нас така и во светот, и заради почитување на мерките што ги презема нашата Влада заедно со институциите и препораките од Светската здравствена организација, Сојузот на спортовите на Скопје како организатор на ‘Визер – Скопскиот маратон’, кој беше планиран за 10 мај 2020, донесе одлука трката да се одложи за 4 октомври 2020 година“, соопштија организаторите.

Сите пријави остануваат важечки и се префрлаат за новиот датум. Сите овие опции ќе бидат можни да се реализираат со рок до 31 јули 2020 Пријавувањето останува отворено до 15 септември 2020 година. Повеќе информации на www.skopskimaraton.com.mk