Македонија
6. јуни 2018 - 12:10

Скопскиот Аква парк ја почнува летната сезона в сабота

Вип Аква паркот кој работи во рамките на СЦ „Борис Трајковски“ ја започнува новата, шеста сезона, в сабота на 9 јуни.

Од СЦ „Борис Трајковски“ најавуваат дека летната авантура продолжува и оваа година на бумерангот, мрзливата река, базенот со бранови, спејс болот... каде ќе можат да уживаат малите, но и големите. Годинава во Аква паркот има нова и модерна опрема, нов ентериер, тераса со удобни лежалки и за прв со три бара за пијалоци.

Задолжени за добра забава на отварањето ќе бидат диџеите на Сити Радио Диџеј Дела и Диџеј Боби заедно со Диџеј Ампов.