Македонија
24. May 2020 - 12:25

Скопската зоолошка градина се отвора во вторник

Скопската зоолошка градина се отвора во вторник 26 мај. Зоолошката градина поради пандемијата на Кови-19 и мерките на Владата за спречување понатамошно ширење на вирусот беше затворена кон средината на март. Од Зоолошката велат дека посетителите ќе мора да се придржуваат кон новите протоколи за работа и движење низ градината.

За сите оние кои сакаат да ја посетат зоолошката градина важи правилото за задолжително носење маска иако станува збор за отворен простор. При шетање низ градината посетителите треба да одржуваат дистанца. Строго е забрането хранење и доближување до животните, а забранета е и употребата на летниковците и детските игралишта.

Работното време е од 9 до 18 часот, а бројот на посетители ќе биде ограничен, за да не се создава поголема гужва низ градината.