Македонија
3. July 2020 - 14:54

Скопската ЗОО добива „Авантура парк“ за деца

Скопската Зоолошка градина добива „ Авантура парк“ за деца. Паркот е донација од Агенцијата за млади и спорт, со цел, рекреација, спортување и забава за деца од 5 до 12 години.

-Овој парк ќе биде налик познатите европски авантуристички паркови за најмладите и ќе се простира на површина од 2.000 метри квадратни, со безбедни реквизити за користење, информираа денеска од скопската Зоолошка градина.

Оттаму најавуваат дека наскоро започнуваат подготовките во Ботаничката градина на Скопје ЗОО, а користењето на „Авантура паркот“ ќе биде бесплатно за сите деца.