Македонија
27. February 2018 - 18:43

Скопје: Започна протестот против промена на името на државата и идентитетот на нацијата

Започна протестот против промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Протестот на демонстрантите за промена на уставното име започна некаде по 18 часот пред Мисијата на Европската унија во центарот на градот. Неколку илјади граѓани оттаму протестниот марш го насочија кон булеварот „Свети Климент Охридски“ и улицата „Димитрие Чуповски“ каде масата во моментов се позиционира пред Собранието на Република Македонија.

Демонстрантите бараат крај на преговорите за името, повлекување на Законот за употреба на јазиците, повлекување на договорот за добрососедство со Бугарија и ослободување на притворените за настаните од 27 април во Собранието.

Протестот е поддржан од Светскиот Македонски Конгрес, Движењето “СУМ“ Сите за унитарна Македонија, Сојузот на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН, Сојузот на Македонците со исламска религија, Македонски манифест, здруженијата на бранителите и македонските патриотски здруженија.