Македонија
27. March 2019 - 21:32

Скопје влегува во семејството зелени градови на ЕБОР

Скопје влегува во семејството  зелени градови на ЕБОР со чија помош и поддршка ќе ја подобрува животната средина и екологијата. Градот Скопје со експертите од ЕБОР го одржаа првиот состанок за развој на акцискиот план за една година. Сообраќајот, водата, цврстиот отпад, индустријата ќе бидат опфатени со овој план кој за 13 месеци треба да биде усвоен од советот на град скопје.

„Крајна цел ни е акцискиот план за градот. Еден проект веќе работиме со ЕБОР а тоа е за набавка на автобуси на природен гас 10 мил евра. Од овој акциски план треба да произлезат мерките на долг рок , среден и интервентно.  да му помогне на градот. .. да се намали локалното загадување, енергетичната ефикасност..  1 меcеци ќе се изработува. Сообраќајот градежни објекти индустрија вода, цврст отпад. “

Досега ЕБОР има инвестирано над 1,85 милијарди во нашата држава во 115 проекти, од кои најголемиот дел се во инфраструктурниот сектор.

ЕБОР има за цел да финансира до 100 зелени градови со кои заеднички ќе работат на предизвиците од климатските промени.  На првиот состанок присуствуваа и претставници на општините, бизнис секторот, невладините.