Македонија
4. December 2022 - 21:14

Скопје утре повторно во собраќаен хаос

Скопјани изутрина ги очекува сообраќаен хаос. Клучниоте раскрсници во главниот град, кои се и главните сообраќајни артерии ќе бидат блокирани. Почнувајќи од 6 часот наутро, приватните превозници ќе ги паркираат своите автобуси долж Илинденска со почеток од Влада се до Борис Трајковски, ќе се блокира крстосницата кај Мавровка и онаа кај Црвен Крст.

Правото на протест е демократско право, но исто така и правото на слободно движење, но според директорот на Слобода превоз граѓаните треба да имаат разбирање за приватните превозници кои бараат да си ги добијат заработените пари. Протестите пред град Скопје, на Илинденска и кај Мавровка не дадоа ефект, а со утрешната блокада сметаат дека институциите треба да се разбудат и да им се реши проблемот со долгот кон нив.

Од МВР за утрешниот протест информираат дека ќе има посебен сообраќаен режим и апелираа до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Планот на приватните превозници е блокадата на Скопје да трае се дури не им се исплати долгот, но најавија дека е можно да преземат и уште порадикални чекори,