Скопје стана се повеќе посетуван град - еве колку туристи имало во март?
Бројот на туристите во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 1.8 отсто, а бројот на ноќевањата за 3.8 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во март 2019 година изнесува 54.826, а бројот на ноќевањата изнесува 112.770.
Бројот на домашните туристи во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 0.8 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 2.3 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2019 година, во однос на март 2018 година, е зголемен за 6.5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 2.4 отсто.
Во периодот јануари – март 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.2 отсто, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.9 отсто, а кај странските има зголемување за 0.7 отсто. Во периодот јануари – март 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.6 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.9 отсто, а кај странските има намалување за 2.1 отсто
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море