Македонија
1. April 2017 - 16:57

Скопје се смее - Априлијада во маските на детските јунаци

Денот на шегата - 1 Април традиционално ги привлече најмаладите на плоштадот “Македонија”. Маски на пирати, принцови и принцези, цвеќиња, Бетмени, Спајдермени, болничари, пчелички, но и на други детски херои од анимираните филмови го преплавија центарот на Скопје. На априлијадата “Скопје се смее” најбројни беа маските кои можат да се купат во продавниците, а веселите дечиња и овојпат ја покажаа сета своја фантазија.   

Веселбата ја дополнуваа и децата од Златно славејче, но и Танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

На плоштадот „Македонија“ забава ќе биде организирана и вечер за возрасните од 20 часот, со настап на популарни музички ѕвезди и познати македонски ДЈ-и.