Македонија
20. February 2019 - 12:08

Скопје се гуши – денеска на второ место на најзагадени градови во светот

Скопје во моментов е втор град по загаденост во светот. Според индексот на загадување во Скопје изнесува 164.
 
На оваа листа пред Скопје се наоѓа само Дака во Бангладеш.
 
Според податоците од 7 часот утрово најзагадено, било во Карпош, во подрачјето кај Ректоратот и во Центар, додека воздухот немал висока загаденост, во населбите Гази Баба и Лисиче.
 
Сепак останува нејасно кои се официјалните податоци за загаденоста во Лисиче и Гази Баба, затоа што мерните станици веќе подолг период не ја мерат концентрацијата на ПМ10 честичките.