Македонија
26. January 2020 - 16:43

Скопје повторно меѓу топ-10 најзагадени градови во светот - властите носат препораки, опозицијата критикува

Скопје доцна синоќа  најзагаден град во светот, утринава 8 ми на листата на Ервижн. Екстремната загададеност го вклучи алармот на Градот Скопје,  кој  излезе со старите препораки  до граѓаните -  да се користи јавниот превоз, да се избегнува користењето на возилата, или , ако е неопходно, да се организираат повеќе лица да се возат во едно возило,  да се избегнува долготрајната изложеност на отворено рано наутро и доцна навечер, да се одложат сите активности на отворено, да се чистат оџаците, за затоплување на домовите  да не се користат отпадни материјали, прегорено масло, лакирани отпадоци од дрво, стиропор, гуми и други синтетички материјали , да се почитува забрана за дотур на роба  во централното градско подрачје  во периодот согласно  издадените одобренија од Градот, се наведува во препораките против високата загаденост.

Овие препораки до сега не вродија со плод, смета опозоцијата. Прашуваат каде се најавените кули за прочистуивање на воздухот, хоризонталното и вертикално зеленилото кое го најавуваше Шилегов пред да стане градоначалник и бесплатениот јавен превоз,како алтератива против загадувањето

Итни мерки, а не само препораки бара и владината ДОМ.  Да се преполоват согорувачките процеси во индустриските капацитети, да се запрат сите градежни активности, инспекциите да излезат на терен, да се забрани движењето на тешките товарни возила во градовите и на возилата под ЕУРО 4 стандард, да се овозможи беспалтен јавен превопзт и редовно да се мијат улиците, бараат од Зелената партија.

Инаку ако вредноста на пм 10 честичките во воздухот е над 100  во текот на два последователни дена на минимум 2 мерни станици , се објавуваат препораки за да се заштита граѓаните од неквалитетниот воздух.