Македонија
3. November 2019 - 15:43

Скопје покажа дека е вело град

Скопје покажа дека е вело град, сметаат од Сојузот на спортови по денешниот велосипедскиот настан „Скопје на точак“.

Околу 2.000 луѓе беа пријавени на годинашното второ издание на „Скопје на точак“. Велосипедистите тргнаа од фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“, а се движеа кон ТЦ „Сити мол“.

За нивната безбедност се погрижи МВР чии претставници, заедно со организаторите, го следа караванот со брзина од 20 километри на час.

Покровител на манифестацијата е Град Скопје, а организатор Сојузот на спортови на Скопје.

– Скопје покажа дека е вело град, исто како во минатото. Возењето велосипед ќе им помогне на сите да се грижат за своето здравје и да ја заштитат животната средина, велат од Сојузот на спортови.

Регистрацијата за учество беше бесплатна. По трката имаше лотаријата на која беа доделени неколку подароци, велосипеди, велосипедска опрема, ракавици, заштитни шлемови.