Loading Video...
Кошарка
23. July 2018 - 12:40

Скопје подготвен за добра организација на ЕП за кошаркари до 18 години

Скопје е подготвен да биде добар домаќин на 23-те репрезентации кои ќе бидат дел од Европското првенство, Б дивизија, што ќе се одржува од 27 јули до 5 август

На четири дена пред стартот на првенството, денеска Кошаркарската федерација на Македонија организираше средба со новинарите на која, за очекувањата на шампионатот од нашата репрезентација, говореа селекторот Милевски и капитенот Стојановски кои беа едногласни дека доколку продолжат со колективната игра кога го красеше тимот во подготвителниот период, може да се очекува добар резултат. 

Градот Скопје, ќе ја има привилегијата и обврската да ги угости 24-те земји учеснички, а обврската за позитивен резултат останува на играчите и стручниот штаб истакна градоначалникот Шилегов, посакувајќи им успех. 

Спортскиот директор на федерацијата Темелковски изразувајќи благодарност за соработката со град Скопје, најави дека федерацијата заедно со главниот град на Македонија, како и грчките Атина и Солун ќе се обидат заеднички да добијат организација на шампионат во сениорска конкуренција. 

Црвено-жолтите се во групата Ц каде за противници ќе ги имаат селекциите на: Чешка, Холандија, Израел, Исланд и Луксембург. Пласман во следната фаза ќе обезбедат двете најдобри селекции од секоја од четирите групи.

Натпреварите ќе се играат во четири сали, Јане Сандански (голема и мала), Борис Трајковски и големата сала на Кале која ќе биде и домаќин токму на нашата репрезентација во првата групна фаза од првенството. 

За љубителите на кошарката кои ќе решат да ги следат во живо натпреварите, влезот ќе биде слободен.