Македонија
30. November 2015 - 15:14

Скопје: Непознати машки лица претепале девојче

 
Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 10 минути во Полициската станица во Центар, 23-годишната А.Д. од Скопје  пријавила дека истиот ден околу 02 часот и 30 минути на булеварот „Кочо Рацин“, поточно на автобуската постојка, три непознати машки лица физички ја нападнале. Според податоците, насилниците излегле од автобус на ЈСП, по што еден од нив без повод и причина физички ја нападнал, ја удрил со тупаница  во пределот на главата, од што и се нанесени повреди во вид на оток на  левата страна на главата. 
 
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.: Родителите ја барале во болница ја нашле во капела