Македонија
13. March 2019 - 14:31

Скопје и Тирана очекуваат почеток на преговорите со ЕУ во јуни

Република Северна Македонија и Република Албанија очекуваат во јуни да ги почнат пристапните преговори за членство во ЕУ, истакнаа премиерите на двете земјми Зоран Заев и Еди Рама на заедничката прес – конференција по денешната средба во Тирана.

Освен во НАТО, двајцата премиери очекуваат Скопје и Тирана во перспектива да бидат сојузници и во ЕУ. Истакнаа дека двете земји работат на исполнување на потребвните реформи, особено во правосудниот систем и јавната администрација.

Заев се заблагодари што Албанија беше меѓу првите земји кои го ратификуваa Протоколот за члeнство во НАТО.

-Тоа уште еднаш испрати сериозна пријатeлеска порака до нашиот народ и затоа сме благодарни. Очекуваме до крајот на годината Македонија да и се придружи на Алијансата и да стане 30-та членка. Парачелно со овие очекувања нашите надежи се фокусирани и на јуни за отварање на пристапните преговори со ЕУ. Јуни 2019 е важен датум за европските перспективи на двете држави. Очекуваме ако ние ги испорачаме потребните резултати, тогаш и ЕУ да има позитивен пристап кон двете земји, рече Заев.

Албанскиот премиер Рама истакна дека Република Северна Македонија за Албанија не е само земја сосед, туку и пријател и стратешки незаменлив партнер.

– Односите меѓу двете земји се базираат на трајни принципи и вредности, кои не обединуваат како држави, кои и припаѓаат на Европа и кои ќе бидат заедно во европското семејство, изјави Рама.

Нагласи дека посетата на премиерот Заев доаѓа во момент на значајното историско постигнување како што е Преспанскиот договор и отворањето на патот за Северна Македонија кон НАТО, за што, потсетува, Албанија веќе го ратификуваше Протоколот за пристапување во Алијансата.

– Ова големо историско достигнување е плод на лидерството на Заев и на нашиот заеднички пријател Ципрас. Со Договорот од Преспа беше надминат долгогодишниот ќорсокак и се отвори патот  за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа исто така созададе и голема позитивна енергија за натамошен напредок на заедничкиот пат за интеграција во ЕУ, истакна меѓу другото Рама.

Тој го оцени како фанатстичен потег усвојувањето на законот за јазиците во Северна Македонија, што според него значително го подобрува соживотот во земјата и одосите Скопје – Тирана. Истакна дека албанската Влада е посветена и македонското малцинство во Албанија да ги ужива сите права.

Премиерот Заев рече и дека Охридскиот договор правно-формално е исполнет и останува духот на договорот, рамномерна застапеност и градење вистинско општество за сите.

Заев и Рама на денешната средба оцениле дека има уште простор за унапредување на билатералната соработка, особено во економијата и сообраќајната инфраструктура. Се планира и отворање на заедничка гранична контрола на патници и стока на граничниот премин Ќафасан.

Предвидено е одржување заедничка седница на двете влади кон крајот на летото по завршување на претседателските избори во Северна Македонија.