Македонија
12. November 2018 - 16:18

Скопје и натаму најзагадено, еколошките налепници удар за сиромашните и средната класа

Мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека Македонија повторно се гуши во загаден воздух. Најголема застапеност на канцерогените ПМ 10 честички изминатово деноноќие имаше во Куманово -264 микрограми на кубен метар воздух. Во Битола беа регистрирани 205 микрограми. 

Енормната загаденост на амбиенталниот воздух во Скопје кулминираше утрово. Најголеми вредности покажуваат мерните станици во Ректорат – 126 микрограми ПМ 10 честички на кубен метар воздух, по што следува Карпош со 120 микрограми.

Првиот човек на Град Скопје вели дека досега се преземени 27 нови мерки за подобрување на состојбата со загадениот воздух. Тој очекува дека еколошката категоризација на автомобилите ќе ги даде потребните резултати. 

Еко – налепниците за квалитетот на издувните гасови на автомобилите се насочени против средната класа и сиромашните граѓани во нашата земја реагираат од ВМРО ДПМНЕ, и бараат веднаш да се стопира овој проект.

Пред два дена од Владата информираа дека за подобро спарвување со загадувањето ќе се воведуваат еколошки налепници во црвена, жолта и зелена боја, во зависност од емисијата на издувни гасови и од погонот на моторното возило.