Македонија
7. September 2018 - 18:03

Скопје го тресе почесната стрелба по повод Денот на независноста

По повод 8-ми септември – Денот на независноста, денеска точно во 18 часот во касарната „Илинден“ во Скопје, се изврши почесна артилериска стрелба.

Почесната стрелба се врши со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на АРМ.

Претходно се изврши пробна артилериска стрелба со еден плотун од шест артилериски орудија.