Бизнис
28. May 2016 - 16:28

Скопје домаќин на Генералното Собрание на европските тела за стандардизација

Без воведување на европските стандарди во производството, компаниите не можат да настапат на европскиот пазар. Стандардите помагаат нивните производи да бидат поконкурентни, да ја зголемат продажбата и извозот. Со примената се елиминираат и трговските бариери и има помал застој на производите. Од Институтот за стандардизација посочуваат дека земјава има усвоено околу 27 000 стандарди, кои се достапни на компаниите кои сакаат да ја подобрат својата конкурентност и на домашниот и на светските пазари.

Годинава Македонија е домаќин на најголемиот европски настан од областа на стандардизацијата. Европското генерално собрание на европските тела за стандардизација ќе се одржи  во Скопје од 6ти до 8 јуни. Ќе учествуваат над 250 претставници од повеќе од 70 земји.

На настанот меѓудругото ќе бидат присутни и бизнисмени  од повеќе земји од светот. Ќе се одржи и Саем на индустрија и образование  на којшто можат да се претстават сите заинтересирани компании од земјава и да ја искористат потенцијалната можност за склучување на договори.