Loading Video...
Спорт плус
6. јуни 2018 - 17:08

Скопје домаќин на балканскиот училиштен шампионат во одбојка за девојчиња

Од утре до недела во Скопје, ќе се одржи Балканското училишно првенство во одбојка девојчиња од основните училишта 
 
Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт, по повод одржувањето на првото балканско училишно првенство за одбојка жени (Западен Балкан) се одржи прес-конференција.
 
Како што истакна директорот, Дарко Каевски, Агенцијата за млади и спорт, како и изминативе години, така и оваа става посебен акцент на училишниот спорт .
 
Активностите на Федерацијата за училиштен спорт во текот на целата учебна година се обемни и континуирани, а завршницата ги дава финалните резултати меѓу кои посебен акцент се става на можноста за откривање на таленти за одредени спортски дисциплини и подигнување на свеста кај младите за позитивните ефекти од спортот.
 
Година, покрај државните натпревари Македонија, односно Скопје, ќе биде домаќин на Балканско училишно првенство во одбојка за девојчиња од основните училишта односно на возраст до до 15 години. 
 
На првенството покрај екипи од Македонија, учество ќе земат и најдобрите тимови од Црна Гора, Босна, Косово и Албанија.
 
Како дел од тридневната програма предвидена е и дебата на тема „Школски спорт низ Западен Балкан и негов развој“.