Македонија
5. November 2015 - 17:10

Скопјанка за 10 месеци подигнала над 280 кутии лекови

За десет месеци скопјанка од аптека погигнала рекордни 283 кутии лекови. Според податоците од “Мој термин” 51- годишната пациентка имала неколку дијагнози и примала терапија за повеќе хронични болести.

Годинава Националниот систем за електронски евиденции во здравството бележи за 7,5 проценти повеќе подигнати рецепти во споредба со истиот период во 2014, за 4,5 отсто е зголемен и бројот на пациенти кои земале лекови.

-Во 2015 г. креирани се вкупно 20.421.818 рецепти за 1.214.157 пациенти, од кои 17.093.223 биле подигнати од аптека.

-Во 2014 г. биле креирани 18.615.299 рецепти за 1.162.003 пациенти, од кои 15.901.795 биле подигнати од аптека.

Податоците од Мој термин покажуваат и пораст од 6,3 проценти  кај специјалистичките упати.

-Годинава биле прегледани 975.042, а лани на лекар се јавиле 917.083 болни.

Инаку во националниот систем се влезени 87 отсто од граѓаните и истите имаат електронски здравствен картон.