Македонија
5. September 2019 - 18:16

Скопјанка тешко повредена жена, излетала со возило од патот Кавадарци - Неготино

Синоќа околу 23.00 часот, на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, на мостот во с. Марена, В.М.(23) од Скопје, управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.М. и била пренесена во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.