Македонија
26. May 2017 - 10:54

Скопјанка тешко повредена во Центар

Триесет и две годишната скопјанка Д.С. е тешко повредена во сообраќајна несреќа која синоќа околу 1 часот по полноќ се случила на раскрсницата со улиците „Орце Николов“ и „Аминта Трети“.

Од МВР информираат дека во сообраќајката учествувале автомобил „Мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки управуван од А.С. (27) и „Сеат“ со скопски таблички управуван од повредената Д.С.

Д.С. била итно пренесена во Ургентниот центар во Скопје каде и се контатирани тешки повреди, фрактура на вратни пршлени, и е задржана на понатамошно лекување.

На местото на несреќата извршен е увид и се работи на целосно расчитување на истата.