Македонија
3. August 2021 - 17:26

Скопјанка со синот повредени во запален камион во Долно Лисиче каде изгореа расадник и плевна

Две лица се здобиле со повреди во пожар кој избувнал во Скопје.

„На 02.08.2021 во 15:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Долно Лисиче, скопско, настанал пожар во кој горела сува трева и овошки од расадникот, сопственост на Земјоделски факултет – Скопје, а била зафатена и плевна сопственост на Г.И.(48) од Скопје и товарно возило во движење „застава“, со скопски регистарски ознаки. Возачот А.А.(26) и неговата мајка К.А.(50), двајцата од Скопје, се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза" во Скопје за укажување на лекарска помош. Исто така, од пожарот била зафатена и куќа сопственост на Д.П.(60). Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот“, соопшти МВР.