Македонија
4. July 2018 - 13:49

Скопјанка со нож ја избодела својата 20-годишна ќерка

Вчера С.И.(20) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 13.00 часот во семејниот дом била физички нападната од нејзината мајка.

Таа со нож и нанела три убодни рани во пределот на десната надколеница. На повредената и била укажана лекарска помош во Градска општа болница „8ми Септември“;.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.