-->
-->
Скопјанка пронашла изгубена лична карта па се обидела да земе брз кредит
-->
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Џ.Ш.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“ по член 249 од Кривичниот законик.
Имено, пријавената пронашла изгубена лична карта на лице од Скопје, по што со неа на 19.12.2022, во една филијала на финансиско друштво, аплицирала за одобрување брз кредит, со што имала намера да се стекне со противправна имотна корист во износ од 32.000 денари, обидувајќи се да го доведе во заблуда вработеното лице во друштвото дека личната карта е нејзина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Џафери се мачи да го екипира владејачкото мнозинство
-
Со законски измени ќе се олеснува увозот на работници
-
Епископот Јаков и министерката Тренчевска усогласиле потреба за измени на работната верзија од Законот за родова еднаквост
-
ВМРО-ДПМНЕ: За што се трошат 450 милиони евра ако МОН нема пари за учебници
-
Парализиран сообраќајот во Германија, работниците бараат 500 евра поголема плата
-
Македонија одбележува 3 години членство во НАТО
-
МНР со традиционален НАТО појадок го одбележа почетокот на деновите на НАТО во Македонија
-
Новиот министер за правда нема детали за тунелот во Идризово