Македонија
21. February 2017 - 13:49

Скопјанка проговори: Ќерка ми е зависник од хероин од осмо одделение

Првиот пат кога пронајдов пакетче во зимската чизма го однесов кај еден познаник во полицијата кој ми кажа дека тоа е хероин. Знаев дека е нејзино, но никогаш не ми призна. Иако очигледно таа го негираше сето тоа, неможете да поверувате колку сила имаат да се борат на таков начин. Дури и мене знаеше да ме убеди, да се запрашам каква мајка сум јас, па можеби и не е наркоман, можеби грешам-а на масата имам позитивен тест на крвта. Тие секогаш имаат приказна, неверојатно се интелегентни и специјалисти за лажење. Лажговци, глумци, такви нема ни на филмовите.

Таа призна само еднаш, на самиот крај пред да отиде на лечење. Прв и последен пат рече - Луѓе јас сум наркоман. Катастрофално се измени и ретко ја препознавав онаа мојата ќерка од пред да стане зависна. Ја препознав тогаш кога јас ја откажував и беше чиста некои 3-4 месеци. Тогаш си го препознав моето дете. Имате чуство дека не е вашето дете, дека е некое од улицата, дете кое едноставно не сака да зборува со вас. Тогаш ќе разбереш дека не ни може да зборува. Таа во сите нас гледаше непријатели.

Таа ми велеше: Ти мамо не знаеш како е. Колку е страшно кога морам да размислувам секоја ден од каде на најдам друга доза, и на каков начин. Не знаеш како е а уште помалку знаеш колку ми е убаво мене кога го зема хероинот. Доаѓаа моменти кога кога и јас сакав да земам, да видам што е тоа? Да видам какво е тоа чуство што ги приморува да го земаат. Верувајте ми, знаев со денови да седам и да гледам во шприцот и да размислувам да земам или не. На крајот секогаш си велев: Господе, дали си ти нормална, што ти е тебе?

После 2 години побегна од дома. Ја пронајдоа во еден стан предозирана, во критична состојба. Лекарите се бореа за нејзиниот живот. Едноставно не сакаше да се извлече, паѓаше се подлабоко. Тогаш седнав и зборував со мажот ми, бидејќи немав повеќе ни сила ни волја за живот, ни нерви. Тој и веруваше премногу. - Кога тато ќе каже готово, готово е. Тоа за него беше доволно. Му реков, ќе признаеш ли дека имаме наркоман во куќата или нема? Ако не сакаш да признаеш повеќе не ме интересирате ни ти таа. Сега се спасувам самата себеси. Три години се осудував и уништував, три години се прашував каква мајка сум јас? На крајот се разболев, почнав да паѓам во несвест, бидејќи организамот попушта. Човек едноставно ќе пукне.

Моравме да ја отпишеме од училиштето, ја затворивме во куќата. Неколку пати одевме на невропсихијатар. Се обидуваа да ја одвикнат но неуспешно. Повторно побегна од дома и се врати после 20 дена. Овој пат ни лекарите не и даваа шанса. Имаше воспалување на белите дробови, гнојна ангина, дури и воспалување на бубрезите и мочните патишта. Тогаш и реков, имаш само две можности. Првата е да останеш во куќата но да одиш во центарот за одвикнување и втората е да излезеш од вратата и никогаш повеќе да не се појавиш во нашиот живот. Доста беше борба, имав и друго дете кое беше потполно запоставено а поминуваше низ пекол. Ми рече дека не сака да оди на лечење. Ја отворив вратата и бев спремна никогаш повеќе да не ја видам. Ме погледна во очи и ми рече: - Мамо јас ќе се излечам ама само ако ме заклучите. И ти мораш со мене. Седум месеци поминавме заедно заклучени.

Имаше жестоки кризи. Се откажа без ниедна таблета. Тогаш го молеше бог да умре. И реков: Доста ме мачеше ти мене, сега јас тебе. Имаш прозорец, можеш слободно да скокнеш од него и да се спасиш и себе и мене. Месец и половина се грчеше дома, се потеше, врискаше, фрлаше но после месец и половина ми рече: - Мамо можеме ли да се напиеме кафе и да запалиме цигара.

Еднаш пронајдов шприц под кадата, еднаш марихуана која што и самата сакав да ја запалам.
Еднаш ја пронајдов на прозорецот со јадицата на татко и, за риби. Ќе помисли човек дека полудела, детето ми лови риби од прозорецот. Кога погледнав надоле видов еден дечко како закачува пакетче за јадицата. Ме молеше да дојде некој бидејќи беше затворена сама со мене. Ме молеше да и донесам книга. Јас знаев дека моето дете е наркоман па бев во паркот да ја проверам целата книга. Ја донесов книгата и таа излезе со проширени зеници-хероинот бил во кориците на книгата. Тогаш ќе седнев и ќе разберев, па јас го донесов тоа. Наркоманите не се срамат од ништо! Ќе ве донесат во финансиска и душевна ситуација која е безизлезна.

Сега е на лечење веќе 11 месеци. После 9 месеци го добивме нејзинот прво писмо кое што ме воодушеви бидејќи не зборуваше повеќе дрогата. Тоа беше моето дете од седмо одделение, кое беше одличен ученик со сите петки, која едноставно се изгуби во дрогата. Ова писмо ме врати и мене во живот, кое ми даде волја да им помогнам на другите.

Не сме се слушнале ниту виделе од тогаш. Таа сеуште не е спремна за мене, но јас сум стрплива. Кога можев три години да се борам со тоа, можам да почекам да ми се јави. Ни велат дека сеуште не е спремна да не види бидејќи е свесна што направила. Таа треба да биде спремна за нас, да не направиме некоја глупост па да посака и таа да си дојде со нас откако ќе не види.

Не го напуштала центарот за лечење до сега. Јас мислев дека нема шанси да остане таму.

ИЗВОР: Скопје инфо