Македонија
18. May 2017 - 14:19

Скопјанка преживеа хорор: И се заканал со нож и и украл златно ланче од вратот

Вчера во 08,30 часот во ПС-Карпош, В.М. од Скопје,  пријавила дека истиот ден околу 08,00 часот на ул.„Каирска“од страна на непознат сторител и било извршено разбојништво на тој начин што откако го одминала истиот без повод и причина ја
турнал на земја и со закана со нож од вратот и го одзел златното ланче, а потоа го напуштил местото на настанот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.