Македонија
6. January 2017 - 11:57

Скопјанка ограбена на снегот, ја турнал па завршила во болница

Вчера околу 08,00 часот во Скопје, во кругот на ОУ „Љубен Лапе“, непознат сторител од зад грб и пришол на М.Г. (60) од Скопје, ја турнал на земја и ја зел чантата и побегнал.

Оштетената се здобила со повреди при што е пренесена во ГОБ „Наум Охридски“, каде и се констатирани телесни повреди.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.