Македонија
17. May 2018 - 11:52

Скопјанка физички нападната во автобус со број 5

Трисет и петгодишната И.А. од Скопје синоќа во полиција пријавила дека неколку часа претходно физички била нападната од непознато лице во автобус број 5 на Јавното сообраќајно претпријатие.

МВР информира дека И.А. повикала полиција и напаѓачот бил приведен во полициска станица. Се работи за лицето Д.Х. (64) од Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.