Македонија
8. May 2018 - 15:00

Скопјанка додека купувала сендвич остана без својата „тојота“

Во Секторот за внатрешни работи Скопје, М.С. (48) од Скопје синоќа во 22.20 часот пријавила дека истиот ден околу 21.20 часот на ул. „Дебарца“ непознат сторител го одзел нејзиното патничко возило „Тојота Јарис“ со скопски регистарски ознаки.

Додека таа купувала сендвич во сендвичара, а возилото било паркирано во непосредна близина, сторителот влегол во возилото, го стартувал на непознат начин и заминал, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 240.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и возилото и за целосно расчистување на случајот.