Скопјани спречија уништување на скоро два милиони евра
Заврши перформансот „Свири крај“ во кој граѓаните симболично спречуваа дробење на народните пари.
За време на перформансот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, парите се уништуваа симболично, додека во реалноста тие навистина се уништуваат преку корупција, која е насекаде околу нас. Тоа се случува пред нас, не сопира и не спие. Затоа, перформансот се одигрува во транспарентна кутија, покажувајќи им на сите видлив, но истовремено и недопирлив процес.
Недопирлив, сè додека граѓаните, со своите постапки и кревање глас, тоа не го променат. Овој пат, тие тоа го сторија со активно учество во перформансот, притискајќи го копчето „СВИРИ КРАЈ!“ на корупцијата и со својот чин заштедија повеќе од 111 милиони денари.
Пари, што можат да се инвестираат во изградба или реновирање на училишта, едукативни и забавни центри за млади, институции за грижа на стари лица и инвалиди, центри за деца со попреченост.
„СВИРИ КРАЈ!“ е дел од едукативната и информативна кампања што Регионалната антикорупциска иницијатива ја спроведува со финансиска поддршка на Европската унија, во рамките на проектот „Прекини ја тишината“: Зајакнување на политиките и културата на укажувачите на земјите од Западен Балкан и Молдавија“.
Регионалниот проект, поддржан од Инструментот на ЕУ за претпристапна помош (ИПА) има за цел да им помогне на партнерите во владиниот и невладиниот сектор на земјите-кориснички да ги подобрат каналите за обелоденување и механизмите за заштита на укажувачите, да го зајакнат капацитетот на граѓанското општество за поддршка на укажувањето и да ја зајакнат јавната свест за важноста на укажувањето во борбата против корупцијата.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица