Македонија
12. August 2019 - 17:12

Скопјани се разладуваа и во загадените и опасни по здравјето води на реката Вардар

Фонтаните претворени во базени, а импрозивирани плажи има и на кеј во строг центар на градот. И оние со плиток џеб нашле спас од топлото време. Сепак загадените води на Вардар но и оние на затворено, како што се базените и фонтаните, на плус  четириесет степени, претставуваат вистинско место за ширење на бактерии и зарази.

Во туристичка сезона, на дел од граѓаните им пречи ваквата слика.

И додека градските фонтани се претворени во базени, чешмичките за пиење вода имаат улога на контејнери. Иако една од препораките за спас од топлото време е токму пиење на доволно вода, граѓаните не можат да ја изгасат жедта бидејќи дел од чешмите се суви и полни со ѓубре. Топло време не очекува и наредните денови.