Бизнис
2. May 2019 - 19:31

Скопјани ќе добијат помали сметки за парно од следната грејна сезона

220 денари месечно помалку ќе плаќаат корисниците на парно греење од следната грејна сезона. Ова е одлука на интесекторкската група на Владата која работи во борба против аерозагадувањето. Намалувањето се должи на промената на ДДВ за парно која од 18 се намалува на 5 проценти. Според тоа за просечна големина на стан, трошокот за сметки за парно греење ќе се намалат за околу  11 проценти. Премиерот Заев очекува оваа мерка да ги стимулира повеќе граѓаните да се приклучат на системот.

-  Очекуваме да се вратат и 14 000 исклучени од 2012 година до денес, како и да се приклучат нови и на парно системот и на гасоводната мрежа. Со намалување на ДДВ сме поблиску до остварување на целта заштита на животната средина, вели Заев 

Заев апелира и до општините да ги намалат трошоците на инвеститорите кои ќе градат нови згради со цел да инсталираат системи за парно греење.

Позитивен пример треба да дадат државните и општинските згради а премиерот уверува дека процесот е веќе почнат. Наместо како да се грејат на  мазут и нафта , училиштата , болниците и другите јавни згради да се приклучат на парно или гас.