Македонија
11. February 2017 - 11:32

Скопјани го избраа најуспешниот градоначалник

Веб порталот SkopjeInfo.mk трета година по ред ја спроведе анкетата за најуспешен градоначалник во Скопје. Анкетата заврши вчера, траеше 20 дена и на неа можеше да се гласа за еден од првите луѓе на општините во Скопје.

Од вкупниот број на гласови на прво место, според гласовите на скопјани е Ивица Коневски, градоначалникот на општина Аеродром, кој освои 27 проценти од гласовите, односно 3710 гласови. На второто место со 2540 гласови се најде градоначалникот на општина Карпош, а Андреј Жерновски е на трето место со 2256 гласови.

По нив следуваат градоначалниците на Чаир, Кисела Вода, Сарај, Бутел, Ѓорче Петров и Гази Баба, соопштија од Скопје инфо.