Скопјанец затекнал крадец во својот дом, тој побегнал, но полицијата го пронашла
Скопјанец затекнал крадец како пребарува во дневната соба од неговата куќа, по што тој физички го нападнал и побегнал. Бегајќи на крадецот му испаднале парите што ги украл, а кусо потоа бил пронајден и приведен од полицијата.
- На 12 вевруари 23:20 часот во СВР Скопје Д.Т. телефонски пријавил дека на ул.„Македонска преродба“ во куќа, го затекнал М.Д. (21) како претура во дневната соба, но откако М.Д. забележал дека бил виден од пријавителот, физички го нападнал, по што го напуштил местото на настанот, информира МВР.
М.Д., според полицијата, украл неутврдена сума на пари кои му испаднале додека бегал. Тој по кратко време од страна на полициски службеници бил пронајден и приведен во ПС Ѓорче Петров, и во него биле пронајдени 5.500 денари. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата