Македонија
19. August 2019 - 15:03

Скопјанец загинал при сеча на дрва во Брајчино, ресенско

СВР-Битола информира дека во текот на вчерашниот ден, при сеча на дрва во ресенското село  Брајчино, животот го загубил 27 годишниот И.С. од Скопје.

Од секторот за односи со јавност при СВР-Битола посочуваат дека несреќниот настан се случил попладнето во 15:40 часот кога во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било пријавено дека во село Брајчино, при сеча на дрва едно дрво го удрило И.С. (27 г.) од Скопје, во пределот на главата, а лекар констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.