Македонија
13. јуни 2019 - 11:06

Скопјанец загина во сообраќајка на патот Радовиш-Штип

57-годишен скопјанец загина вчера во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Радовиш-Штип. Сообраќајкат се случила во 15.35 часот кога се судриле товарно возило „МАН“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот В.Б. од Радовиш и патничко возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот И.М. од Скопје.

„Од здобиените повреди, возачот на патничкото возило И.М. починал на местото на настанот. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција“, информираа од МВР.