Македонија
20. March 2017 - 13:37

Скопјанец во кома се бори за живот, претепан и ограбен во својот дом

Вчера во 18.10 часот во ЕИК Скопје, З.В. пријавила дека на ул. „Хо Ши Мин“ во Скопје го пронашла Б.Д. како лежи на под и кој и кажал дека бил нападнат од две непознати лица (машко и женско), при што паднал во бесознание.
 
Во куќата имало извршено претурање по сите соби. Б.Д. со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Ургентен центар „Мајка Тереза“ и истиот е неконтактибилен.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на настанот.