Македонија
16. May 2017 - 14:51

Скопјанец удрил пешак во Штип

Скопјанец удрил пешак во Штип. Вчера околу 06:45 часот во Штип, на ул. „Сутјеска“ се случила сообраќајна незгода во која автомобил „Даеву Рејсер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К. (34) од Штип, удрило во пешакот В.Р. (55) од Штип. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничка болница Штип бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.