Македонија
8. November 2018 - 11:11

Скопјанец уапсен при пасошка контрола на Долно Блаце

Вчера во 17.00 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето Л.К.(22) од Скопје се наоѓа на листата со мерка „Апси“.

Лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициска станица Чаир за понатамошна постапка.