Македонија
25. јуни 2018 - 11:25

Скопјанец тешко повреден при пад од мотор

Триесет и едногодишниот скопјанец Р.Ј. синоќа во 20:00 часот управувајќи мопед „Кивеј“ со скопски регистарски ознаки паднал на коловозот на ул. „28“ во село Сопиште, при што се здобил со тешки повреди.

Како што е наведено во полицискиот билтен, мотоциклистот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен бил увид на местото на настанот.