Македонија
17. јуни 2018 - 11:34

Скопјанец тешко повреден при пад од мопед во Маџари

Вчера во 06.00 часот на ул. „Маџари“ во Скопје, Д.Б.(55) од Скопје, управувајќи мопед „Баотиан“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Д.Б. и со друго возило бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан за понатамошно лекување.

Увид на местото на насатнот извршила екипа од СВР Скопје.