Македонија
26. August 2020 - 11:10

Скопјанец тешко повреден откако со автомобил удрил во ограда

Педесетгодишен маж е повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во 18:10 часот на делницата од автопатот А1 Скопје-Велес, на исклучокот од автопатот кај Башино Село. Во сообраќајката патничко моторно возило со скопски регистарски таблици управувано од возачот Е.Ј. на возраст од 50 години, излегол со возилото надвор од коловозот и удрил во метална заштитна еластична ограда и метална канделабра за осветлување. 

Како што информира од СВР Велес Димитар Каракулев, возачот  се здобил со телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ Општа болница во  Велес. 

Портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес д-р Весна Неделковска Николова за МИА информира дека  возачот, 50-годишен скопјанец се здобил со повреди на глава и скршеница – фрактура на десна потколеница. По прегледите, повреднеиот бил  препратен на понатамошно лекување  во Клиничкиот центар – Скопје.

Увид на местото на несреќата, по овластување на Јавен обвинител,  извршен  е од страна на увидна екипа од СВР Велес.